17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеска компанија ја купува француската хотелска мрежа „Кампанил, Кириад и Голден Тулип“

Кинеска компанија ја купува француската хотелска мрежа „Кампанил, Кириад и Голден Тулип“

hoteli francija

Француската хотелска мрежа на групацијата „Лувр Хотелс“ во која се наоѓаат хотелите под имињата „Кампанил“, „Кириад“ и „Голден Тулип“ ќе и биде продадена на кинеската група „Џин Џијанг Интернешанл“, која е лидер на кинескиот туристички пазар, јави дописникот на МИА од Париз.

Според најавите трансакцијата би требало да биде реализирана во 2015 година.

Како што објави веб изданието на „Фигаро“, цената на трансакацијата за француската хотелска група која е сопственост на американскиот фонд за инвестиции „Стразвуд Капитал“, засега не е прецизирана, но според проценките таа би можела да изнесува меѓу 1,2 и 1,5 милијарди евра.

Оваа купопродажба веќе била ставена на дневниот ред на раководството на претпријатието „Лувр Хотелс Груп“.

Во 2011 година „Лувр Хотелс Груп“ потпиша договор за соработка со Џин Џијанг Интернешанл“, кој овозможуваше сместување на кинески туристи во хотелите „Кампанил“, односно на европските во хотелите на „Џин Џианг“. Целта на ова партнерство беше да се зголеми посетеноста на хотелите од двете групи и да се развие хотелскиот туризам во Франција и Кина.

Кинеската туристичка група е присутна во три активности: раководење и инвестирање во хотели, туристички услуги, транспорт и логистика. Според бројот на хотелски соби, таа се наоѓа на 14 место во светот и раководи со 1.700 хотели во 11 земји, но сепак Кина е нејзиниот главен пазар.

Француската хотелска група, која наскоро ќе треба да премине во рацете на Кинезите, е позната по хотелите од марката „Кампанил“, „Кириад“, „Премиер Клас“, „Голден Тулип“ и „Ројал Тулип“. На крајот од 2013 година таа имаше вкупно 1.200 хотели ширум светот, од кои дури 820 во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП