8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБепе Грило подготви план за истапување од еврозоната

Бепе Грило подготви план за истапување од еврозоната

BeppeGrillo1

Лидерот на италијанското опозициско популистичко Движење Пет Ѕвезди (МС5), Бепе Грило во Европскиот парламенет промовираше план за референдум за истапување на државите од еврозоната.

Како што јави ТАСС, Грило, кој е познат италијански комичар и блогер, во емотивниот настап пред Европскиот парламнет во Брисел, ја осуди полиитката на ЕУ, која, според него, е насочена против граѓаните на Европа, но и против одделни држави, пред се најмногу против Гермнаија и Италија.

Грило ги обвини банките и европксите влади дека ги штитат своите економски интереси, дека ја ограничуваат демократијата и го искривуваат концептот за тоа што е добро, а што лошо.

„Уморни сме од постојаното принесување жртви. Сакаме да го повратриме суверенитетот на нашите национални валути, за да ги спасиме нашите компании… Ние сме во состојба на војна не со Исламската држава или со Русија, туку се Европската централна банка“, нагалси Грило.

Европратениците на М5С се дел од евроскептичната група на Најџал Фараж, а една од предизбиорните пароли на Грило беше и барањето за „откажување од еврото“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП