20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ги укина увозните давачки за индустриската пиперка

Владата ги укина увозните давачки за индустриската пиперка

piperki

Владата на вчерашната седница донесе одлука времено да ги укине увозните давачки за индустриска пиперка, информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека одлуката стапува на сила од денеска и ќе важи до крајот на годинава.

„Со одлуката се укинува царинската давачка од 50 отсто за увоз на индустриска пиперка во Македонија и до 31 декември ќе можат да се увезат 2.000 тони без никаква давачка. Принципот на реализација на квотата ќе биде „прв дојден, прв услужен“, а еден увозник не ќе може да увезе повеќе од 500 тони“, рече Ѓорѓиев.

Нагласи дека на вчерашната седница била донесена одлука и за намалување на царинската давачка на доматно пире од 50 на 25 отсто. Оваа давачка ќе важи до 30 јуни 2015 година и ќе можат вкупно да се увезат 500 тони по истиот принцип „прв дојден, прв услужен“, а еден увозник не ќе може да увезе повеќе од 125 тони.

„Овие одлуки се донесени на барање на бизнис-заедницата по сеопфатни анализи кои покажаа дека нема да им штетат на домашните производители, а воедно ќе овозможат исполнување на договорите што ги имаа нашите производители од конзервната индустрија посебно во делот на пиперките со странските добавувачи“, рече Ѓорѓиев.

Тој посочи дека домашното производство на индустриска пиперка веќе е речиси продадено и додаде дека остануваат за продажба уште околу илјада тони, додека за доматното пире рече дека во Македонија има дефицит на производители, а и годинава климатските услови не биле поволни за производство на домат.

„Барањето за распределба на квотата и за увозот на индустриската пиперка и за доматното пире се поднесува од страна на увозникот или неговиот застапник во хартиен облик во два примерока во царинските испостави или во електронски облик преку информацискиот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки, EXIM – системот, на Образец за барање за распределување тарифни квоти“, појасни Ѓорѓиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП