30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДефицитот на Франција во 2014 ќе биде поголем од предвиденото

Дефицитот на Франција во 2014 ќе биде поголем од предвиденото

francija pe

Дефицитот на Франција во 2014 година ќе достигне 88,2 милијарди евра, односно 4,3 милијарди повеќе од предвиденото, јави дописникот на МИА од Париз.

Зголемувањето на дефицитот, според објаснувањето дадено од француската Влада, се должи на „макроекономскиот контекст кој влијае значајно врз даночните приходи во општиот буџет“, се вели во досието на Министертсвото за финансии на Франција.

Слабиот економски раст доведува до пониски даночни приходи кои беа предвидени со данокот за претпријатијата, како со приходите од данокот за додадена вредност и од даночните обврзници. Всушност во буџетот на државата ќе се влејаат 6,1 милијарди евра помалку од предвиденото.

Во делот на трошоците, исто така, ќе има надминување за 2,1 милијарди евра, главно поради француските воени операции во странство, како и зголемувањето на трошоците за социјалната помош.

Надминувањето на предвидените трошоци ќе биде компензирано со 1,8 милијарди евра на укинување на министерските кредити, односно резервите кои вообичаено се замрзнати на почетокот од годината.

Франција и покрај ова, останува на своите предвидувања за јавниот дефицит, кој ќе остане на 4,4 отсто од БДП во 2014-та, по 4,1 проценти во 2013 и планиранире 4,3 отсто во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП