Британската луксузна модна куќа „Burberry“ во периодот од април до септември оваа година го зголеми профитот за шест проценти, во согласност со очекувањата на аналитичарите.
Компанијата истакна во соопштението дека условите за бизнис на странските пазари се неповолни.
Оваа групација, основана пред 158 години, позната по ткаенините со карактеристичен кариран дизајн, за шест месеци, заклучно со септември, остварила добивка пред оданочување од 152 милиони фунти (194 милиони евра), пренесува агенцијата Ројтерс.
Без оглед и на растот на приходите во истиот период од 14 проценти, на 1,1 миијарди фунти, „Burberry“ во соопштението нагласува дека условите за бизнис на некои негови пазари се влошени, вклучувајќи ја и Кина, што доведе и до пад на цените на акциите на берзата.