3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерикан Колеџ Скопје (УАКС) - со МБА програма рангирана помеѓу првите 100...

Американ Колеџ Скопје (УАКС) – со МБА програма рангирана помеѓу првите 100 во светот

dogovo mala

Со денешното потпишување на договорот за соработка со Maastricht School of Management (МЅМ), Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) стана првата високообразовна институција во Македонија со МБА програма рангирана помеѓу првите 100 во светот според Шангајската листа.

Договорот  за соработка и отпочнување на новата МБА програма, го потпишаа  ректорот на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), професор Марјан Бојаџиев и деканот на Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ), професор Вим А. Науде ,  во присуство на министерот за образование и наука на РМ, Абдилаким Адеми.

 

koja

,,Со  оваа соработка помеѓу Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) и Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ),  се овозможува за сите студентите од Република Македонија да аплицираат за  стипендии преку Владата на Република Македонија за студирање на „ТОП 100 Универзитети од Шангајската лист”, изјави Mинистерот за образование и наука на РМ, г-дин Абдилаким Адеми.

Со доаѓањето на   MSM  во Скопје, се овозможуваат повеќе заштеди меѓу кои секако е најзначајна онаа за Буџетот на РМ, по основ на стипендиите за студирањето на најпрестижните универзитети. Со отворањето на новата Глобална МБА програмата на Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ) во Скопје се намалуваат трошоците за одвоен живот и сместувањето, а патните и не постојат. Треба да се истакне и дека MSM дополнително обезбеди школарина која е пониска од таа во Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ) .

marjan

Договорот го означува почетокот на соработката на двата универзитета, и отпочнување на МБА програма во Скопје, којашто е акредитирана од страна на три различни тела за акредитација – АЦБСП, АМБА и ИАЦБЕ, што е уверение за високиот квалитет на програмата рангирана меѓу најпрестижните во Европа, а и во светот.

Предвидено е програмата да почне со работа  од март идната година, а уписите да почнат од јануари 2015 година. Повеќето од професорите ќе бидат од Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ) , а девет професори, квалификувани да предаваат во рамките на  MSM MEUSE,  се од Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) што е и чест и потврда за квалитетот на наставниот кадар.

potpisi33

Преку договорот со Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) МБА програмата на МСМ за прв пат влегува и на Балканот.  Програмата се изведува во рамките  Институтот MEUSE ( Maastricht EU study of Emerging Markets). Програмата се нарекува Глобална МБА програма и како таква е идентична во сите земји партнери. Некаде постојат и специфичности, како во Азербејџан, со МБА во енергетски Менаџмент, во Кина, со МБА на нови пазари и слично. За Македонија се планирани Банкарство и Финансии, Стратегија и Политика и Меѓународна МБА програма. Која специјализација конкретно ќе се понуди, ќе зависи од интересот на идните студенти.

Со отворањето на новата Глобална МБА програмата на Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ) во Скопје, се овозможува студентите од Македонија, како и од регионот да се стекнат со диплома на Универзитет рангиран на 76 место во светот.

dogovo

 

Оваа МБА програма се разликува од останатите поради неколку клучни факти: Акредитирана е од страна на три различни тела за акредитација што е уверение за високиот квалитет на програмата. МБА програмата се остварува во петнаесетина држави ширум светот, што ја прави навистина глобална, со искуствата што се добиваат од сите центри за потоа да се интегрираат во образовниот процес. Школарината за МБА програмите од ова ниво е секогаш висока, а со тоа често и недостижна за голем број студенти. Но, програмата која ќе биде понудена во Скопје, ќе чини половина од оригиналната цена, во настојување да стане подостапна за македонските студенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП