3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА,,Сахара": Остануваме посветени на исполнување на нашите обврски

,,Сахара”: Остануваме посветени на исполнување на нашите обврски

roj

Сахара Индија Паривар е во напредна фаза од спроведувањето на своите бизнис планови во Македонија и не постои ни најмал сомнеж за повлекување од кој било од овие проекти, соопштија од компанијата.

Од таму изјавија дека подготовките за споменикот на Мајка Тереза како и Домот Мајка Тереза во Општина Илинден се веќе комплетирани. Додека пак целосното реновирање на познатиот хотел Славија во Охрид ќе започне после новогодишните празници. Проектите ќе бидат спроведени од тим на врвни изведувачи од Македонија.

Што се однесува на земјоделскиот и проектот за млекарницата, работиме за да дојдеме до прифатливо решение за некои конкретни прашања од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и убедени сме дека ќе бидат разрешени. А во врска со одлуката за банкарската гаранција, наше мислење е дека ќе има негативно влијание врз овој мега проект, кој што е рана фаза на спроведување. Можеме да разбереме зошто Македонската влада се одлучи на овој чекор и подготвени сме за последиците. Ќе ја следиме секоја одлука од Владата и ќе останеме посветени на исполнување на нашите обврски. Ова не е само еден проект на Сахара Индија во земјата, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси во странство и затоа сме среќни што сме партнер со земја што се наоѓа во забрзан развој, се вели во соопштението.

Од таму не информираат дека Сахара има свои канцеларии во Скопје, Охрид и Штип, локален тим од 30 луѓе, како и тим од експерти од Индија кои се на постојан престој во Македонија со цел спроведување и операционализација на проектите. А за следната фаза е започнат процес на ангажирање луѓе. За најдобро и квалитетно доставување на производите и услугите, Групата блиску соработува со широк опсег на македонски компании со цел да ги привлечи како надворешни соработници. Сахара ги вложува сите напори и ќе направи се да ги исполни своите обврски кон Македонија како и својата деловна посветеност на земјата.

Многу е евидентно дека ситуацијата во Индија поврзана со две компании од Сахара Групацијата се одразува врз бизнисите на групата низ целиот свет. Иако Сахара има јасен приоритет дека проектите во Македонија нема да бидат стопирани, се случија работи поради кои проектите беа одложени како резултат на административни бариери или компликации што се појавија заради ситуацијата на терен, соопштија од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП