14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААСЕАН ќе стане четврта економска сила во светот

АСЕАН ќе стане четврта економска сила во светот

aseanZnaminja-krug-540x320

Идната година формирањето на Економската Заедница на АСЕАН ќе стане реалност, а според стапките на развојот оваа групација на 10 држави на Југоисточна Азија ќе стане четврта економска сила во светот.

Ваквите оптимистчки најави ги соопшти претседателот на Мјанмар Теин Сеин на отворањето на дводневниот самит за бизнис и инвестиции, што е вовед во годишниот состанок на шефовите на држави и влади на АСЕАН, што започнува утре во Мјанмар.

Теин Сеин, кој годинава претседава со АСЕАН соопшти дека годинава десетте држави од Асоцијацијата ќе остварат бруто домашен производ од 2.500 милијарди долари. Во регионот со 600 милиони жители, во последниве две години се реализирани над 236 милијарди долари директни странски инвестиции.

Членките на АСЕАН, Мјанмар, Лаос, Камбоџа, Тајланд, Малезија, Виетнам, Индонезија, Филипините, Брунеи и Сингапур во последнве две децении претрпеле огромни штети предизвикани од природни, но и политички катастрофи, а во оваа деценија работите тргнаа во мошне позитивна насока. Формирањето на Економската Заедницана АСЕАН, со речиси идентичен систем на ЕУ, новите мултилатерални економски спогодби за регионот Азија-Пацифик и стабиланата политичка ситуација во регионот придонесуваат населението во ова подрачје на иднината да гледа со оптимизам, нагласил претседателот на Мјанмар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП