10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајплатените манекенки во светот

Најплатените манекенки во светот

Работата како супермодел е премногу тешка и напорна, која покрај хипнотизирачкиот изглед, подразбира и потполна посветеност на своето тело, константна потрага по совршенството, софистицирана и чиста убавина. Големите цифри, кои ќе ви ги прикажеме, ја претставуваат заработката во 2012-та година на најпознатите супермодели.

Candice-Swanepoel

10. Кандис Свенпоел

Овој преубав ангел на Викторија Сикрет со потекло од Јужна Африка во минатата година заработи 3.1 милиони долари.

Carolyn-Murphy

9. Каролин Марфи

Веќе две децении се наоѓа во светот на гламурот и модата, а во 2012-та година на своето конто придодаде 3.5 милиони долари.

Lara-Stone

8. Лара Стоун

Манекенаката со холандско потекло претходната година заработи 3.8 милиони долари, а поголемиот дел од овие приходи потекнуваат од модната кампања на Келвин Калајн на која таа е заштитно лице.

Miranda Kerr

7. Миранда Кер

Девојката која се омажи за познатиот глумец, Орландо Блум лани стана побогата за 4 милиони долари.

Alessandra-Ambrosio

6. Алесандра Амброзио

Познатата бразилска сех-бомба и покрај тоа што во 2012-та година го роди својот втор син, успеа да ја сочува совршената линија и притоа да заработи 6.6 милиони долари.

High quality Wallpapes and Photos @ Go4Celebrity.com

5. Доутцен Крос

Синиокосата заводничка од Холандија во минатата година имаше приход од 6.9 милиони долари.

Adriana-Lima

4. Адриана Лима

Бразилската манекенка која сите ја познаваат претходната година со своите ангажмани дојде до бројката од 7.3 милиони долари.

Natalia-Vodianova

3. Наталиа Водианова

Руската убавица, која на модната писта е од својата петнаесета година, во годината зад нас заработи 8.6 милиони долари.

Kate-Moss

2. Кејт Мос

Преубавата 38-годишна манекенка во 2012-та заработи неверојатни 9.2 милиони долари.

Gisele-Bundchen

1. Жизел Бундхен

По листата на Форбс, Жизел е најплатениот супер модел на светот, а нејзината заработувачка во минатата година е фантастични 45 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП