4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРенот лекува воспаление на синуси

Ренот лекува воспаление на синуси

ren-ren-lek-sinusi

Со првиот силен ветар и ладните денови се враќаат маките кај сите оние кои страдаат од често воспаление на синусите.

Главоболката е постојан придружник на синузитисот, кај кој често не помагаат ниту најсилните лекови.

Поради тоа е попаметно да се заврите кон природните методи за ублажување на болките. Добар сојузник во оваа борба е ренот.

Препорака е да го изрендате и да го прелиете со вински оцет, а потоа да го ставите во тегла од половина литар и да го затворите. Смесата така држете ја десетина дена на собна температура со повремено тресење. Кога ќе поминат овие денови, неколку пати во текот на денот отворете ја теглата и вдишувајте од неа по пет минути.

Истата течност ставете ја на ткаенина и држете ја преку нок на челото или вратот. Терапијата трае пет дена, што е доволно да ги победите непријатните главоболки.

Едно од решенијата е да изрендате 50 грама рен, да го ставите во 5 децилитри вода и да го ставите на оган да зоврие. Кога ќе врие, ставете ја главата над садот, прекријте ја со пешкир и вдишувајте ја пареата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП