9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако работата која не ја сакате да ја направите поднослива?

Како работата која не ја сакате да ја направите поднослива?

unhappy-worker

Знаеме дека ова звучи како бајка, но овие неколку трикови навистина ќе ви овозможат значително подобро да го поднесете своето работно време…

Искористете го паметно времето на пат кон работа

Наместо да размислувате за тоа колку го мразите утринското возење со автобус, направете си го патувањето удобно и искористете го возењето за читање на книга, слушање музика, учење на странски јазици преку аудио лекции, планирање на одредени активности, паметење на значајни локации на патот до работа (продавници, други услужни објекти) итн. Вака не само што ќе го пополните времето, туку ќе бидете и значително порасположени кога ќе стигнете на работа

Персонализирајте го работното биро

Она што го гледаме, слушаме и мирисите кои ги чувствуваме влијаат на тоа колку сме среќни. Ставете некоја билка на бирото, ставете ваша семејна слика, сварете си кафе или вашиот омилен чај, пуштете ја музиката која ви одговара.

Доколку немате свое работно биро, носете со себе си некој предмет кој ви е драг.

Правете паузи

Истражувањата покажаа дека кратките паузи влијаат добро на расположението и ја зголемуваат продуктивноста. На секој час излезете надвор или протегнете ги нозете во ходникот. Важно е само да се одалечите од бирото. Кога ќе се вратите ќе бидете порелаксирани и ќе имате поинаков поглед на работата која ја обавувате. Исто така, водете сметка за тоа редовно да консумирате вода.

Зацврстете ги врските со колегите

Она што луѓето најмногу го сакаат на работното место обично не е самата работа туку луѓето со кои работат. Искористете ја паузата за кафе или ручек да се спријателите со колегите.

Престанете да се жалите

Искушението да се пожалите за време на работниот ден е еднакво на желбата да се почешате на местото кое ве чеша – чувствувате моментално олеснување, но работите потоа ќе станат уште полоши. Жалењето е навика, а навиките ги создавате исклучиво сами. Штом сфатите дека повторно сте почнале да се жалите, прекинете го текот на мислите и одберете некоја посреќна мисла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП