21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРабота бараат 240 милиони луѓе во светот

Работа бараат 240 милиони луѓе во светот

nevrabotenost

Експерите на Светскиот економски форум предупредија дека во моментов 240 милиони луѓе во светот бараат работа, што е бројка која е за два ипол пати поголема од бројот на жители на големите европски држави како Германија.

Во извештајот „Преглед на глобалната агенда – 2015“, експертите истакнуваат дека, ако овој тренд продолжи, една четвртина од населението на планетата на возраст од 25 до 54 години ќе остане без работа.

Исто така, бројот на неврботени на планетата ќе достигне 215 милиони, односно шест проценти од вкупниот број на работоспособни лица.

Голем број на европски економски експерти сметаат дека во 2015 година економијата на стариот континент ќе се „тетерави“, а само два проценти веруваат во економска санација.

Анализата на сингапурската агенција „Здравје“ и швајцарската банка „UBS“, покажува раст на бројот на милијардери во долари на планетата во однос на претходната година за 155 – денес нивниот број е 2.325.

Членовите на овој „клуб“ имаат вкупно 7,3 трилиони долари, од кои 2,37 трилиони во Европа.

Истовремено, 2,8 милијарди луѓе на Земјата имаат од два до десет долари на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП