12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија во рецесија, тоне се подлабоко

Италија во рецесија, тоне се подлабоко

640x392_44272_219976

Индустриското производство во Италија која е погодена од рецесија се намали во третиот квартал за 1,1 проценти во однос на претходните три месеци, соопшти Заводот за статистика.

Во соопштението се наведува дека резултатот од три месеци заклучно со септември е најлошиот резултат од последниот квартал во 2012 година, пренесува агенцијата АНСА.

Во девет месеци заклучно со септември, индустриското производство е намалено за 0,5 проценти во однос на истиот период во 2013 година, додека само во септември потона за 2,9 проценти на годишно ниво, додава Заводот.

На месечно ниво, индустриското производство во септември е намалено за 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП