19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБосанските млекари ќе ја блокираат границата

Босанските млекари ќе ја блокираат границата

mlekari;cllfr

Млекарите од Босна и Херцеговина денеска ќе блокираат пет гранични премини. На овој радикален потег се одлучија бидејќи не беа задоволни од резултатите на денешниот состанок на ресорните министри во Сараево.

Млекарите порачуваат дека повеќе не им веруваат на властите и ги обвинуваат дека работат во интерес на ЕУ, а не во интерес на домашните земјоделски произведувачи.

Ресорните министри на сите нивоа на власта, задолжени за земјоделско производство, се договорија на состанок во Сараево поинтензивно да почнат да се применуваат мерки на заштита на домашното производство и начинот на утврдување на антидампинг давачки.

Тие се согласуваат дека досега не работеле доволно на заштита на домашното производство и планираат да преземат поодлучни чекори на отворање на нови пазари за босанските млекари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП