21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕпл понуди решение за исчезнатите СМС пораки

Епл понуди решение за исчезнатите СМС пораки

apl

Компанијата Епл претстави алатка со која на корисниците ќе им се дозволи да го дерегистрираат нивниот телефонски број од иМесиџ и на тој начин да го решат проблемот со исчезнатите текстуални пораки.

Причина за овој проблем е фактот што Епл ги пренасочува сите текстуални пораки преку иМесиџ системот, па дури и кога корисникот ќе го смени телефонот.

Доколку заборавите да го оневозможите иМесиџот пред преминување на нов оперативен систем, многу често единственото решение е целосно дисконектирање од апаратот по пат на Епл налог.

Сега е потребна да се внесе само бројот на телефонот во сервисот на Епл за дерегистрирање, како и кодот кој го испраќа компанијата, и сите проблеми со текстуалните пораки ќе бидат решени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП