Пред најавениот „S-Сlasѕ Pullman“, „Mercedes“ во текот на овој месец ќе го промовира и „S-Сlasѕ Maybach“.
„Mercedes Maybach S600“ официјална премиера според последното соопштени од фабриката, ќе има на претстојните саеми за автомобили во Лос Анџелес и Гуангжоу.
Должината на овој автомобил е 5453 mm, додека меѓуосовинското растојание ќе изнесува 3365 mm.
Автомобилот ќе го придвижува 6.0-литарски V12 „twin-turbo“ мотор (останува да се види дали ќе има 530KS и 830 Nm или ќе биде помоќен), a нормално ќе биде полуксузна верзија од „S600“ и „S65 AMG“.
Нагласокот пред се е на пространата внатрешност и поголемиот комфор за патниците кои се возат позади (се истакнуваат електронски прилагодливите седишта), а треба да се напомене дека ќе бидат достапни и многу можности за персонализација.
Останува да се види остатокот од автомобилот, како и цената на ова возило со кое „Mercedes“ ќе се обиде да им конкурира на моделите, како што се „Rolls-Royce Ghost“ и „Bentley Flying Spur“.
Потсетуваме дека пред неколку месеци се појавија и информациите кои велат дека името „Maybach“ би можело да биде употребено на уште неколку модели на „Mercedes“.