24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry преживеа, а сега размислува и за раст!

BlackBerry преживеа, а сега размислува и за раст!

John Chen

Работите не изгледаа така добро минатата година за компанијата „BlackBerry“.

Во еден момент, компанијата одлучи дека е време за продажба, но заинтересирани купувачи имаше многу малку. Кон крајот на минатата година, компанијата доби помош од милијарда долари, што доведе до промена во врвот на менаџментот. На чело на канадската компанија дојде Џон Чен, кој од „BlackBerry“ направи чудо, ја стабилизираше компанијата, а сега веќе размислува и за раст.

Токму ова е целта која Чен ја имаше на ум кога го превзема кормилото над „BlackBerry“ во ноември минатата година. Првиот чекор беше стопирање на загубите, а потоа пронаоѓање на области во кои компанијата ќе остане релевантна, без потреба да се жртвува работењето со хардвер.

Претходно оваа година, „BlackBerry“ веќе имаше изненадувачко профитабилно тромесечие. Новата линија на уреди постигна релативно добар успех, затоа што „BlackBerry Passport“ е распродаден на голем број пазари. Во интерјву за „Ројтерс“, Џон Чен изјави: „„BlackBerry“ преживеа, сега можеме да размислуваме за раст на компанијата“.

Се очекува дека 2016-та година ќе биде првата во која ќе биде остварен профит, а Чен истакнува дека еднаш кога „BlackBerry“ ќе влезе во зелената зона, никогаш повеќе нема да сака да види како компанијата губи пари.

Кога станува збор за уредите на компанијата за наредната година, планирани се подобрувања за моделите „Passport“ и „Classic“, како и за „BlackBerry Z3“, кој добро помина на пазарите во развој. Во план е и нов уред, но засега за него нема информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП