
Во евиденцијата на хрватскиот Завод за вработување во моментов се регистрирани 308,712 невработени лица.


Во евиденцијата на хрватскиот Завод за вработување во моментов се регистрирани 308,712 невработени лица.
Во однос на месец септември, бројот на невработени е зголемен за повеќе од пет проценти, а само во октомври во Заводот за вработување се регистрирани нови 43,182 лица.
На крајот на октомври во евиденцијата на хрватскиот Завод за вработување регистрирани се 306,170 невработени лица, а во однос на септември бројот на невработени е зголемен за 5,4 проценти или за 15,586 лица.
На годишно ниво, во споредба со октомври 2013 година, бројот на невработени е помал за 11,1 проценти или за 38,274 лица, пренесуваат хрватските медиуми.