4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНепријатните колеги имаат поголеми шанси за напредување

Непријатните колеги имаат поголеми шанси за напредување

posao-490x326

Некогаш популарноста на работа може да ве чини понатамошно напредување.

Истражувањето на два американски универзитети покажа дека мажите и жените, кои на работа се оценети како „непријатни“ имаат поголеми плати и поголеми можности за унапредување или брзо наоѓање на нова работа.

Таквите луѓе се ценети кај своите надредени, бидејќи се подобри преговарачи и не попуштаат така лесно. Во превод, додека вие молчите, со главата меѓу документите и чекате награда за својата напорна работа, оние кои јасно истакнуваат што сакаат, тоа и го добиваат.

Тоа никако не значи дека треба да бидете агресивни, бидејќи ни така нема да бидете унапредени. Еве причина поради која не треба секогаш и на секого да му бидете достапни на услуга.

„Фините и пристојни луѓе често се искористени од страна на останатите колеги, бидејќи работат и работи кои не би требало да ги работат, а сето тоа е така само за да им се допаднат на другите. Токму на тој начин тие не прават добро ниту за себе ниту за компанијата“, открија научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП