3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel ги зголеми проценки по растот на профитот и продажбата

Henkel ги зголеми проценки по растот на профитот и продажбата

henkel-headquarters-1

Германската групација „Henkel“ во третиот квартал остварила раст во добивката и продажбата, па поради тоа ги зголеми прогнозите за заработката и за целата година.

Овој производител на детергентот за облека „Persil“ и „Schwarzkopf“ производите за нега на коса, оствари во изминатиот квартал приспособена добивка пред камата и данок (EBIT) во износ од 693 милиони евра, или 3.1 процент повеќе отколку во истиот период од минатата година.

Притоа, во регионот на источна Европа, „Henkel“ оствари раст во продажбата од 3.1 отсто на годишна основа, и покрај потешкотиите во Русија, каде поради санкциите од западните земји е намалена потрошувачката. Русија, е инаку четвртиот поголемина пазар на „Henkel“, на кој компанијата остварува годишна продажба од околу милијарда евра.

Украина, исто така, за германската компанија е важен пазар, а на него продажбата на „Henkel“ во последните три месеци забележа пад.

„Соочени сме со продолжувањето на несогласувањата меѓу Русија и Украина, како и со постојаните политички немири на Блискиот исток. Поради тоа економските услови се повеќе предизвикувачки“, вели Каспер Рорштед, извршниот директор на „Henkel“.

Сепак, „Henkel“ порача дека останува при досегашните прогнози за растот на продажбата во ова година помеѓу 3 и 5 проценти во однос на лани, додека проценката за „EBIT“ е зголемена на 16 проценти. Претходно се очекуваше маржа од 15.5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП