6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретприемачки од Македонија на конференција во Сараево

Претприемачки од Македонија на конференција во Сараево

zeni pret

Жени претприемачки од Македонија до 9 до 11 овој месец учествуваат на конференција на тема „Перспективите на женското претприемништво 2015-2020 година“ што се одржува во Сараево во рамки на регионалниот проект за женско претприемништво.

„Овој тип конференции е правото место за лоцирање на проблемите и размена на нашите локални искуства. Сите ние треба да сфатиме дека треба да соработуваме како еден економски пазар и мојот личен впечаток е дека само жените од овој регион можат да го насочат развојот на работите во тој правец. Само така ќе можеме да го прошириме нашиот бизнис и да освоиме нови пазари“, рече Анета Антова Пешева, генерална директорка на Унет и претседател на Inner Wheel Club Скопје обраќајќи се на конференцијата.

Носители на проектот се светските организации GTF, SEECEL и RCC.

Вклучувањето на Македонија во овие проекти ја зголемува колаборацијата и можноста за остварување на економската соработка во регионот.

На конференцијата главна тема беа стратешките размислувањa поврзани со иднината на женското претпримништво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП