Просечната плата во Бугарија исплатена во третиот квартал оваа година изнесува 809 лева, односно 415 евра, што е за еден процент помалку во однос на вториот квартал, покажуваат податоците на Националниот статистички институт.

Септемвриската плата во однос на истиот месец минатата година е зголемена за 2,3 проценти. Најголем раст е забележан во дрвната индустрија – за 6,2 проценти и градежништвото за 5,7 проценти, а најголем пад од 14,4 проценти во секторот за продажба на недвижнини.
Како и претходно, најголеми плати во третиот квартал добиле вработените во ИТ секторот и телекомуникациите, во просек по 899 евра, а потоа во снабдувањето со електрична енергија и гасот по 784 евра и финансиите и осигурувањето по 752 евра.
Во Буарија, во која живеат 7,3 милиони жители, на крајот на третиот квартал оваа година биле вработени 2,25 милиони граѓани.