3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХотелски комплекс ќе се гради кај Гевгелија

Хотелски комплекс ќе се гради кај Гевгелија

princes-grup-kje-gradi-hotelski-kompleks-vo-gevgelija-193702

Голем хотелски комплекс ќе се гради кај Милци, Гевгелиско. Градежната парцела Општина Гевгелија ја продаде вчера за 375.000 евра.

Атрактивната градежна парцела со површина од 16.064 метри квадратни, по пат на електронско јавно наддавање ја купи компанијата ,,Принцес груп“, која понуди најповолна цена од 1.442 денари за метар квадратен. Почетната цена за квадрат изнесуваше 223 денари.

Според урбанистичкиот план, на парцелата ќе се гради објект со приземје и десет ката со бруто развиена површина од околу 72.000 метри квадратни. Купувачот на градежната парцела кај Милци е сопственик на хотелот „Рамада Плаза“ и на казиното „Принцес“, кои се наоѓаат од спротивната страна на автопатната делница кон граничниот премин „Богородица“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП