29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот извоз за девет месеци пораснал за 9,6 проценти

Хрватскиот извоз за девет месеци пораснал за 9,6 проценти

trgovska razmena

Извозот на Хрватска за првите девет месеци од оваа година достигна 57,6 милијарди куни (7,51 милијарди евра), што е за 9,6 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, додека увозот порасна за 4,5 проценти, на 98,2 милијарди куни (12,81 милјарди евра), покажуваат објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Наворешно-трговскиот дефицит на крајот на септември изнесувал 40,5 милијарди куни, што е за околу 800 милиони куни или 2,0 проценти помалку во однос на истиот период во 2013 година.

Покриеноста на увозот со извозот во девет месци достигна 58,7 проценти, додека во истиот период минатата година изнесуваше 56 проценти.

Податоците покажуваат дека Хрватска и понатака главнината од стоковата размена ја остварува со членките на Евопската унија, на кои се однесуваат околу 63 проценти од вкупниот хрватски извоз, додека увозот од членките наУнијата во извештајниот период учествува со 74 проценти.

Хрватите од јануари до крајот на септември извеле во ЕУ стока во вредност од 36,5 милијарди куни, што е за 11,5 проценти повеќе во однос на истиот лански период, а од Унијата увезле производи за 73,3 милијарди куни, или за 7,0 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

И покрај оствареното зголемување, податоците укажуваат на забавување на стапката на раст на извозот, бидејќи во првите осум месеци извозот пораснал за 10,5 проценти на годишно ниво, додека од јануари до септември стапката на раст, прв пат од приклучувањето на Хрватска во ЕУ, се намали под 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП