26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цените во Грција

Пад на цените во Грција

grcija2

Потрошувачките цени во Грција се намалија во октомври за 1,7 проценти, по септемврискиот пад од 0,8 проценти, покажаа официјалните податоци во Атина.

Дефлацијата во октомври е најголема од декември минатата година, кога исто така изнесуваше 1,7 проценти, наведува грчкиот Завод за статистика.

Стапката на дефлацијата според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени во ЕУ, исто така е забрзана, во октомври, на 1,8 од 1,1 проценти во септември. Аналитичарите кои учествуваа во анкетата на Ројтерс очекуваа пад на цените од еден процент.

Грција, која повеќе години имаше најголема инфлација во еврозоната, веќе 20 месеци бележи пад на цените, по намалувањето на платите и пензиите и долготрајната длабока рецесија.

Дефлацијата била на највисоко ниво во ноември 2013 година, кога потрошувачките цени се намалиле за 2,9 проценти на годишно ниво.

Инфлацијата во 18 земји челенки кои како валута го користат еврото во октомври малку забрза на 0,4 проценти, но и понатака е под посакуваното ниво на Европската централна банка од блиску два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП