7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири: Искористени средствата од Програмата за конкурентнсот, иновации и претприемништво

Незири: Искористени средствата од Програмата за конкурентнсот, иновации и претприемништво

neziri foto

Средствата од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за годинава во вкупен износ од 11.690.000 денари се целосно искористени, информира министерот за економија Беким Незири на денешната прес-конференција.

„Овие средства беа наменети за директна поддршка на малите и средните претпријатија за активности насочени кон подобрување на нивната конкурентност, производи и услуги и зголемување на извозот, а со тоа создавање конкурентна економија базирана на развиен претприемачки дух, знаење, иновации и побрз економски раст на земјава“, истакна Незири.

Тој посочи дека овие средства не се доволни за да има некој голем позитивен импакт и додаде дека за наредната година во Министерството за економија се предвидени 25 милиони денари, односно двојно повеќе средства за помагање на малите и средните претпријатија.

„Цениме дека со зголемувањето на средствата во 2015 година малите и средните претпријатија ќе партиципираат повеќе во делот на извозот отколку што тоа го правеа годинава“, рече Незири.

Програмата на Министерството се состои од три потпрограми и тоа за Поддршка на развојот на малите и средните претпријатија, за Имплементација на индустриска политика и за Поддршка и развој на кластерското здружување.

Во рамките на првата потпрограма чиј вкупен износ е 8.890.000 денари по различни основи кофинасирани се 39 претпријатија во висина од 6 милони данари, пет бизнис идеи во износ од 800.000 денари и 10 фондации во вкупен износ од 992.400 денари.

Поконкретно на седум занаетчии им е одобрена поддршка на занаетчиско производство и услуги во вредност од 700.000 денари, на шест деловни субјекти им се исплатени дел од трошоците за воведување на ИСО стандард во вкупен износ од 300.000 денари, два деловни субјекти добија поддршка за теренинг на ХАЦЦП тим во вкупен износ од 76.440 деанри, на 12 деловни субјекти им е одобрено покривање на 70 отсто од трошоците за воведување ХАЛАЛ систем во вкупна вредност од 3.100.000 денари,….

Во рамки на потпрограмата Имплементација на индустриската политика во 2014 година се обезбедени 1,2 милиони денари, а поддршка добија осум компании и четири иноватори.

За потпрограмата Поддршка и развој на кластерското здружување 1,6 милиони денари беа доделени на пет кластерски здруженија кои поднесоа најдобри проекти.

Прашан дали ги поддржува неодамнешните контроли на УЈП и Пазарниот инспектроат во Скопје, Тетово и Куманово, Незири рече дека е за фискална дисциплина, но е против употреба на специјалните полициски сили за обезбедување на контролата од инспекциските служби.

„Како министер за економија ќе се трудам максимално да има фискална контрола во државава, бидејќи и овие средства што ги даваме како поддршка индиректно доаѓаат од Буџетот на Република Македонија кој се полни од плаќање на даноци. Меѓутоа, апсолутно сум против да се употреби сила каде што нема потреба и против употребата на специјалните полициски сили како што беше направено“, рече Незири.

Тој прецизира дека согласно законот доколку имало проблеми при координираната акциска контролата требало прво да се повика униформираната полиција за асистенција, а специјалните полициски сили да бидат вклучени само ако и обичната полиција имала проблеми.

„Ќе побарам на следната седница на Владата да се расправа за ова прашање, да се направи анализа дали акцијата вродила со плод или не и да побараме отчет од координаторот на акцијата дали било неопходно да се повика специјалната полиција или не“, рече Незири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП