3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda нема во план нов RX модел

Mazda нема во план нов RX модел

rx model

Шпекулациите за тоа дека по укинувањето на моделот „RX-8“, „Mazda“ повторно ќе произведува спортски автомобили со ротирачки мотор, ги демантираше извршниот директор на компанијата, Масамичи Когаи.

Па така љубителите на спортските автомобили на „Mazdа“ со ротирачки мотори ќе можат да уживаат само во половните примероци на некогашните модели, како што се „RX-7“ или „RX-8“.

Когаи изјави дека „Mazda“, наместо да вложува во развој на новиот „RX“ модел, ќе остане фокусирана на подобрување на постоечката „SKYACTIV“ технологија.

Тој објасни дека компанијата речиси ја пополни планираната гама на модели и дека нема да воведува нови (RX), туку ќе се посвети на подобрување на постоечките возила.

Раководството на јапонскиот производител предност дава на моделите кои ќе се произведуваат во поголеми серии и така ќе донесат заработка, во однос на егзотичните „RX“ спортски автомобили, вели Когаи.

Од друга страна, фановите не се сложуваат со тоа, затоа што сметаат дека на „Mazdа“ и е потребен еден модел кој би и давал печат и по кој ќе се разликува од останатите производители, како што досега беа токму „RX“ автомобилите.

Од „Mazdа“ претходно пристигнуваа најави дека компанијата би можела повторно да ги користи ротационите мотори, но само како генератори на електрична енергија во моделите со хибриден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП