5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанската комора ќе претседава со Асоцијацијата на балкански комори

Стопанската комора ќе претседава со Асоцијацијата на балкански комори

stopanskakomora23333

Стопанската комора на Македонија идната година ќе претседава со Асоцијацијата на балкански комори (АБК). Таа го презеде претседателството од Унијата на трговско-индустриски комори на Грција за време на генералното собрание на АБК што на 8 овој месец се одржа во Атина.

Првото генерално собрание на АБК во Македонија, како што информираат Комората, ќе се одржи на 18 февруари заедно со одбележувањето на Денот на Комората, а второто кон крајот на 2015 година.

Ден пред првото генерално собрание планирано е да се одржи конференција за јавните набавки на која ќе учествуваат сите претседатели на коморите-членки на АБК.

На средбата во Атина претседателите на АБК се договориле да се формира конзорциум во Стопанската комора на Македонија кој ќе делува како меѓународно тело. Во Конзорциумот ќе членуваат претставници од министерствата за транспорт, царинските управи и стопанските комори.

На Генералното собрание на АБК во Атина, му претходел еднодневен собир на коморите и други институции од земјите-членки на ЦЕФТА и земјите-членки на Медитеранската транснационална програма МЕД, на којшто се говорело за можноста за заедничко учество на земјите од Западен Балкан во ЕУ-проектите.

Асоцијацијата на балканските комори е основана 1994 година во Романија, со цел создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот. Членки на АБК покрај Стопанската комора на Македонија се и стопанските комори на Албанија, Бугарија, Црна Гора, Кипар, Романија, Србија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција и Унијата на трговски комори и стоковни берзи на Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП