23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Јапонија сака гас од Газпром

И Јапонија сака гас од Газпром

gazprom56464464

Јапонската страна изрази желба да се изгради гасовод од Русија до Токио, изјави за новинарите директорот на Газпром, Алексеј Милер.

„Добивме предлог од јапонската страна. Се работи за гасовод до Хокаидо, а можеби и до Токио, за нашето учество во дистрибуцијата на гас и електрична енергија во Јапонија. Проектот се разгледува, ние сеуште не сме одговориле“, изјави Милер.

Претходно во Пекинг претседателот на Русија, Владимир Путин ги водеше преговорите со премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.

Претседателот на Русија и премиерот на Јапонија детално ја разгледаа листата на билатерални проекти за трговско-економската соработка која беше направена за време на последната посета на премиерот на Јапонија на Русија, изјави пресс-секретарот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП