29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Чешка во октомври изнесува 7,1 проценти

Невработеноста во Чешка во октомври изнесува 7,1 проценти

cheshkaoldtown

Невработеноста во Чешка во октомври изнесува 7,1 проценти и споредено со претходниот месец е намалена за 0,2 процентни, соопшти чешкиот Завод за вработување.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, без работа се 519.638 луѓе, односно 9.460 помалку отколку во септември. Бројот на слободни работни места се зголемил за 1.661 на 58.217.

Споредено со минатата година, стапката на невработеност е намалена за 0,5 процентни поени, а бројот на слободни работни места се зголемил за 19.080.

Според експертите, врз ситуацијата на пазарот на работна сила освен економското закрепнување влијае и постоењето на сезонската работа и тоа во угостителство, градежништвото, туризмот или подоцнежните земјоделски работи.

Се забележува и нагорен тренд во индустриското производство во земјата.

Во наредните месеци, можно е да стагнира невработеноста или со постепено намалување на сезонската работа малку да се зголеми, се вели во соопштението од чешкото Биро за вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП