15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Ќе ја одбраниме рубљата без вонредни мерки

Путин: Ќе ја одбраниме рубљата без вонредни мерки

432453_putin1_f

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека Москва има соодветни средства да ја одбрани вредноста на рубљата и да ја отфрли можноста за воведување на „вонредни мерки“, како и дека очекува стабилизација на курсот.

Москва ги презема неопходните мерки како одговор на сериозните промени на курсот на својата валута, изјави Путин на деловнот собир одржан во рамките на Самитот на лидерите на 21 земја „АПЕК“, кој се одржува во Пекинг.

Путин изјави дека падот на рубљата апсолутно не ја отсликува економската ситуација во земјата.

Вреднoста на рубљата е намалена оваа година за една четвртина во однос на еврото, и една третина во однос на доларот, поради загриженоста околу украинската криза и падот на извозните цени на руската нафта и гасот.

Руската централната банка месечно трошеше 30 милијарди долари за купување на рубљи на пазарите за валути со цел да ја зголеми нејзината вредност.

„Нашата основа во поглед на девизните резерви и платниот биланс и понатака е на добро ниво. Тоа ни овозможува контрола на ситуацијата без воведување на вонредни итни мерки. Не планираме ограничување на капиталните текови“, порача Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП