7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампања за ажурирање на личните податоци на корисниците на ЕВН

Кампања за ажурирање на личните податоци на корисниците на ЕВН

podatoci 395

Со сметките за електрична енергија од ЕВН Македонија граѓаните ќе добиваат и образец за ажурирање на нивните податоци, а кој ќе се пополнува на доброволна основа.

Пополнувањето на обрасците е дел од кампањата што ја почнаа денеска Дирекцијата за заштита на личните податоци и ЕВН Македонија, со цел ажурирање на личните податоци на корисниците на енергетската компанија. Целта е подобрување на услугата и спречување злоупотреби и проблеми поради неточни податоци.

Според Игор Гиевски од УО на ЕВН Македонија, преку поголема заштита на личните податоци на физичките и правните лица ќе се обезбеди поквалитетна услуга и ќе се избегнат злоупотреби бидејќи неточните податоци предизвикуваат финансиска штета на компанијата.

„Ажурирањето на личните податоци ќе придонесе за зголемување на квалитетот на услугите што ги нудиме. Неажурирани податоци носат и неточни и задоцнети информации што подоцна може да се насочат во одредени ситуации каде што ние во директен контакт со граѓаните имаме и одредени несакани ситуации како што е исклучување за неплатени сметки, ненавремено доставување фактури, но и судски случаи кои подоцна многу потешко се разрешуваат“, рече на прес-конференција Гиевски.

За обработката на личните податоци собрани преку кампањата ќе гарантира Дирекцијата за заштита на личните податоци.

„Сметаме дека на овој начин се остварува обврската предвидена со Законот за енергетика каде што ЕВН како контролор на податоците има обврска да испочарува на точно означена адреса на точно означен физички субјект конкретна сметак за испорачана услуга“, рече директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Димитар Ѓеорѓиевски.

Тој информира дека во последно време до Дирекцијата има претставки со кои е утврдено дека граѓани повикувајќи се на злоупотреба на лични податоци се почесто се обидуваат да избегнат плаќаат обврски од јавен интерес, за потрошена вода, струја…

„Се избегнува плаќање на сметки со повикување нерасчистени правни-односи, со променета адреса, а неажурирани податоци“, рече Ѓоерѓиевски, истакнувајќи дека Дирекцијата е гарант на приватноста на податоците на граѓаните но оти е потребна и совесност од нивна страна.

Во тек на кампањата ќе бидат поставени и промотивни постери во подрачните одделенија на ЕВН. Официјалната маскота за кампањата и следните активности на Дирекцијата е наречена „приватко“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП