3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes најмногу манипулира со тестовите за потрошувачка на гориво

Mercedes најмногу манипулира со тестовите за потрошувачка на гориво

mece logo 2

„Mercedes“ секогаш се стреми на тоа да биде прв. Понекогаш тоа му успева, но понекогаш и не. Автомобилскиот пазар е едно големо боиште, каде битката некогаш се добива, а некогаш се губи.

Сите се трудат својот производ на купувачот да му го претстават во најдобро светло, па поради тоа понекогаш и мамат. Имено, „Daimler“ е на чело на листата која и не е баш за фалење, а станува збор за манипулација на тестовите низ кои се покажуваат официјалните бројки преку кои се истакнува потрошувачката на гориво. „Лабораториските“ примери не може да се „клонираат“ во реалноста, според „Transport and Environment“.

Во „T&E“ и самите го нарекуваат тестот застарен, а утврдената разлика (во просек) помеѓу потрошувачката во реалниот свет и тоа што автомобилските производители го истакнуваат е 31 процент. А тоа типичниот европски возач го чини 500 евра повеќе годишно, кога станува збор за трошоците за гориво.

Како производителите на автомобили мамат? Тие стартуваат со „специјално подготвени прототипи“,  а потоа им плаќаат на сервисите за тестирање за отпимизација на резултатите. „T&E“, дури тврди дека модерните системи за менаџмент на моторите можат да детектираат, кога се изведува тестот со цел да се добијат што подобри резултати за ниската потрошувачка.

Таа техника е позната како „победување на циклусот“, која за прв пат е употребена со цел да се манипулира на тестовите за загадудвање на воздухот. Произодителите, дури употребуваат и трикови како лепење на сите празнини на вратите и премногу пумпање на гумите. „Mercedes“ беше замолен за коментар во врска за овие наоди, но одговор се уште нема.

За среќа, идните бројки ќе биде пореални. „World Light Vehicle Test Procedure“ би требало да стапи на сила во 2017-та година, доколку земјите од ЕУ се согласат за тоа. Производителите на автомобили лобираат имплементацијата да се одложи до 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП