6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранција го спасува соларниот сектор

Франција го спасува соларниот сектор

solarsistem

Франција двојно ги зголеми целните производни капацитети и понуди поголема финансиска потпорa за малите соларни електрани кои користат соларни плочи произведени во Европа, за да се спаси од колапс ослабениот сектор за соларна енергија.

Мерките треба да стимулираат повеќе од две милијарди евра инвестиции, а министерката за енергија Делфина Бато ги најави при посетата на фабриката за соларни плочиво западниот дел на Франција.

Социјалистичката влада се обидува да ја спаси индустријата, во која во последните две години се загубени 15 илјади работни места. Во 2012 година во тој сектор беа вработени 18 илјади работници, во однос на 32.500 кои беа вработени во 2010 година.

Новите мерки предвидуваат двојно зголемување на целните производствени капацитети на 1.000 мегавати годишно, што одговара на капацитетот на мал нуклеарен реактор, рече министерката Бато.

Владата на тоа ќе додаде и максимални 10 проценти субвенции за малите солари електрани кои користат плочи произведени во Европа.

„Многу од работните места се загубени поради неурамнотежената политика на претходната влада. Ние ќе се бориме за еколошка конкурентност на Франција“, изјави Бато.

Мерките ќе стапат на сила по денот на објавувањето на соодветните владини прописи во оваа година, а тие треба да ја поддржат соларната индустрија се додека не биде составен поширок нацрт-закон за енергија по завршувањето на владината расправа за „енергетската транзиција“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП