19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на извозот, Австрија во паника

Пад на извозот, Австрија во паника

avstrija2

Трговскиот дефицит на Австрија во август се продлабочи на 398 милиони евра, пред се поради големиот пад на извозот, од кој австриската економија е силно зависна.

Во месец август извозот на месечно ниво е намален за повеќе од 20 проценти, на 8,87 милијарди евра, а опадна и увозот за 17 проценти, на 9,27 милијарди евра, пренесува агенцијата АФП.

Сепак, за oсум месеци од оваа година, заклучно со август, австрискиот трговски дефицит е намален од минатогодишните 3,42 милијарди на 2,02 милијарди евра.

Слабиот извоз ќе има директно влијание и на австрискиот бруто домашен производ (БДП). Минатата година уделот на извозот во БДП бил 57,4 проценти.

Очекуваниот економски раст на Австрија оваа година нема да надмине 0,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП