19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗаборавете ги адвокатите, банкарите и брокерите, ова се работните места кои ќе...

Заборавете ги адвокатите, банкарите и брокерите, ова се работните места кои ќе бидат најдобро платени

holo1

Работните места кои денес се барани и многу добро платени во иднина нема да бидат „во мода“.

Експертите предупредуваат дека погрешно е да се претпостави дека работата која денес е најдобро платена, како што се адвокатите, банкарите и брокерите, дека и во иднина ќе го задржи својот висок рејтинг.

Во наредните 10 до 20 години постојат големи шанси работите кои денес ги работиме да бидат сосема поинакви.

Луѓето наспроти роботите

Експертите тврдат дека брзиот развој на компјутерите, ќе ги натера луѓето кои се во потрага по работа, сериозно да ги истакнат пред се своите „човечки капацитети“. „Кога компјутерите ќе станат попаметни, работата која ќе остане за човекот е лидерството, мотивацијата и сочувството“, велат експертите.

Кој ќе го создаде светот

„Оние кои знаат да програмираат ќе го движат светот во кој живееме, затоа мислам дека сите треба да се вклучиме во оваа област“, вели психологот Карен Молон.

Листата со најдобро платените работни места во иднина е следнава:

1.Дигитален архитект, кој ќе дизајнира виртуелни згради како еден вид на пропаганда или порака.

2.Негувател на стари лица, луѓето ќе бидат премногу зафатени со својата работа и ќе немаат време да се грижат за своите возрасни родители.

3.Личност за изработка на делови од телото за атлетичари и војници.

4. Контролор на клима, односно личност која ќе упавува и ќе ги менува временските услови.

5.Личност за дизјанирање и управување со холограмите на виртуелните луѓе.

6.Брокер за време, личност која ќе управува со вашиот вишок од времето кое во иднина можете да го понудите во замена за пари или некој друг вид на стока.

7.Личен менаџер на брендови, личност која ќе го развива и ќе управува со вашиот личен бренд.

8.Хаптички програмер, личност која ја користи науката на допирот за развој на производот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП