5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTоп десет акции за инвестирање во следните 25 години!

Tоп десет акции за инвестирање во следните 25 години!

kompanii berza

Технолошките компании ќе доминираат и во следните 25 години, оценуваат американските аналитичари избирајќи 10 акции кои би можеле да бидат прв избр на инвеститорите во 2039-та година.

Како што јавува „CNBC“, за изборот се земени предвидувањата за трендовите, предизвиците и иновациите кои ќе го одбележат тоа време, а на прво место се најде „Facebook“.

Според образложението, во иднина нема да постои компанија која од „Facebook“ ќе биде подоминантна во начинот на кој ќе комуницираме, ќе се информираме и забавуваме. Зборовите на Џек Ма, основачот на „Alibabа“, дека неговата компанија ќе постои најмалку до 2101-ва година, очигледно серизозно беа сфатени, па е избрана на второто место. Со влегувањето на американскиот пазар, кинескиот интернет дилер никој нема да може да го сопре, сметаат аналитичарите.

Секое долгорочно портфолио на акции е незамисливо без „Google“, компанија која се најде на третото место. Додека денеска најмногу заработуваат од рекламирање, „Google“ во иднина ќе биде фокусиран на медицината и возилата без возачи.

Од четвртото до шестото место се наоѓаат „Apple“, „Tesla Motors“ и „Nike“. Производителот на спортска опрема најмногу ќе профитира од растечката средна класа во Кина и Мексико, оценуваат експертите.

Следните три компании, исто така ќе профитираат од растот на средната класа. Седмото место го држи производителот на кардиолошка опрема „Edwards Lifesciences“, додека на осмото место е „Carnival“, најголемата светска компанија за крстарења.

Дветото место му припадна на производителот на дентална опрема, „Align Technology“, затоа што „Goldman Sachs“ покажува дека на пазарот на дентална опрема расте со двоцифрена стапка. Последното место го држи „Veolia“, производителот на опрема за дестилација на водата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП