24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја и Кина постигнаа договор за слободна трговија

Јужна Кореја и Кина постигнаа договор за слободна трговија

kina-juzna-koreja-pretsedateli

Јужна Кореја соопшти дека постигнала договор за слободна трговија со Кина, кој ќе овозможи значително да се намалат или укинат трговските бариери и да се зајакнат инвестициите помеѓу двете држави.

Кинеската новинска агенција Синхуа наведува дека станува збор за договор за слободна трговија кој покрива 17 области, меѓу кои и електронската трговија.

Кина е главниот трговски партнер на Јужна Кореја. Трговијата меѓу овие две земји минатата година изнесуваше 228,9 милијарди долари, што претставува 21 процент од трговската размена на Јужна Кореја, покажуваат официјалните податоци на оваа земја.

Јужна Кореја има договор за слободна трговија и со САД и ЕУ, пренеусва Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП