5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC во Бразил отпушти 1.000 вработени

HSBC во Бразил отпушти 1.000 вработени

hsbc1

Бразилската филијала на банката „HSBC“ отпушти 1.000 вработени односно 4,5 проценти од вкупниот број на вработени, покажуваат податоците на синдикатите.

Според информациите објавени на сајтот на синдикатите, вработените во оваа банка во градот Куритиба, во јужниот дел од земјата, во петокот прекинаа со работа со цел да штрајкуваат против оваа одлука, додека штрајкувачите во Сао Паоло го блокирале административното седиште, пренесува агенцијата АФП.

„HSBC“ Бразил вработува повеќе од 21.000 лица во Бразил, и тоа е чатвртата најголема банка во таа земја.

Истиот извор наведува дека банката на глобално ниво во третиот квартал го зголемила нето профитот за седум проценти, на 3,431 милијарди долари. Но во Латинска Америка профитот се намалил за 56 проценти, главно поради лошото работење во Бразил и Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП