Баварците и натаму „јаваат“ на успехот на своите „SUV“ модели со ознаката „Х“ и наскоро би можело да снемаат бројки за нивно означување, затоа што започнаа со развој на нови модели.
Овој пат станува збор за една помала верзија од оние кои моментално се наоѓаат во продажба.
Да бидете чекор пред сите во откривањето на намерите и плановите на автомобилските компании, морате внимателно да го следните секој нивни чекор. Со тој пристап се дојде до информација дека „BMW“ ја регистрирал ознаката „X2“ што е една од индикациите дека планираат да додадат нов член на своето, и онака бројно, „X“ семејство.
„BMW“ ја користи својата „ULK1“ платформа за на неа да ги прави моделите „MINI“, „Active Tourer Ѕerieѕ 2“ и идниот „X1“ кросовер. Како стојат работите и „X2“ за кој се шпекулира, исто така би требало да ја дели оваа платформа, а најавите се дека во принцип ќе биде купе верзија на идниот „X1“ модел.
Тоа веднаш асоцира на голема сличност со моделот „MINI Paceman“, но со „BMW“ стајлинг на кој ќе доминира, како на надворешниот, така и на внатрешниот изглед. Со цел да се разликува од споменатиот „X1“ модел, новиот автомобил ќе има редизајниран покрив и заден дел со малку поширока каросерија.