6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Кина и недостасува инфлација

На Кина и недостасува инфлација

inflacija-rast-pad

Стапката на раст на потрошувачките цени во Кина од 1,6 проценти во октомври, во однос на истиот месец минатата година, се најде блиску до најниското ниво во последните пет години.

Тоа е уште еден доказ за забавувањето на втората најголема светска економија.

Како што пренесува Ројтерс, потрошувачките цени во октомври не се промениле.

Што се однесува до производствените цени, тие во октомври на годишно ниво се намалиле за 2,25 проценти, што е 32. пад по ред, додека очекуваниот пад бил два проценти, по падот од 1,8 проценти во септември.

Како што пренесува истиот извор, економските експерти во Кина оцениле дека ризикот од дефлација се зголемува и ги повикаа одговорните да преземат дополнителни мерки за поттикнување на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП