18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Кина ја договорија испораката на уште пет милиони тони нафта...

Русија и Кина ја договорија испораката на уште пет милиони тони нафта годишно

gasovod-juzen-potok

Русија и Кина во Пекинг потпишаа технички договор за привремена промена на количеството на испорачана нафта за Кина во периодот 2015-2017 година.

Оваа измена на „Росњефт“ ќе му овозможи да испорачува дополнителни пет милиони тони нафта годишно за потребите на кинеската економија, пренесе ТАСС.

Ги усогласивме дополнителните детали за испораката на нафта и сега освен Сковородино ќе можеме да испорачуваме дополнителни количества и по друга маршрута. Тоа се пет милиони тони, додека тече проширувањето на нафтоводот од кинеска страна, изјави првиот човек на „Росњефт“, Игор Сечин.

Во јуни 2013 година, на Петербуршкиот економски форум, „Росњефт“ потпиша договор со кинеската национална компанија за долгорочни испораки на руска нафта за Кина. Тогаш Сечин го обелодени договорот за испораката на 365 милиони тони нафта годишно во следните 25 години, во вкупна вредност од приближно 270 милиони долари, потсети ТАСС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП