5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобар трет квартал за Acer

Добар трет квартал за Acer

acermacer

Тајванскиот производител на персонални компјутери, компанијата „Acer“ ги објави своите финансиски резултати за третиот квартал од оваа година.

Според нив, компанијата остварила добивка благодарејќи на спроведениот процес за намалување на трошоците, како и подобрувањето на бизнис климата на пазарот за персонални компјутери.

Во периодот од јуни до септември оваа година, компанијата забележала нето добивка во вредност од 21.3 милиони долари, додека аналитичарите предвидувале нето добивка во вредност од 15.6 милиони долари.

За споредба, во истиот период од минатата година, компанијата забележа загуба од 427.8 милијарди долари, а во текот на вториот квартал од оваа година забележана е добивка во износ од 15.8 милиони долари.

Приходите на компанијата во текот на третиот квартал беа во пад, но тој пад беше многу помал од двоцифрената сума од првата половина од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП