ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција бара финансиска помош од ЕУ поради ембаргото на Русија

Грција бара финансиска помош од ЕУ поради ембаргото на Русија

grcka vlada

Грција побарала од Европската унија финансиска помош за земјоделието заради воведеното ембарго од Русија за увоз на земјоделски стоки од страните од блокот.

На 7 август Русија воведе пакет мерки како одогвор на санкции од Вашингтон, Канада и ЕУ спрема Москва.

Истиот месец ЕУ донесе одлука за поддршка на производителите на праски како и на производители на други земјоделски производи. Но, и покрај тоа руското ембарго има тешки последици за земјоделците, според оценка на грчките власти.

На 10 ноември на седница на министрите за земјоделие од државите од ЕУ ќе се разгледува грчкото барање.

Според оценки на Европската комисија руското ембарго погодило 4,2 отсто од целиот извоз од ЕУ за вкупна сума од околу пет милијарди евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП