3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот буџетски дефицит мирува

Францускиот буџетски дефицит мирува

francijajdnbh43tr4

Буџетскиот дефицит на француската држава на крајот на септември се искачи на 80,5 милијарди евра, што е малку помалку во однос на истиот период минатата година (80,8 милијарди евра), соопшти француското Министерство за буџет.

Во нацрт-буџетот за 2015 година, кој беше претставен минатиот месец, владата во Париз предвидува дека јавниот дефицит ќе изнесува 87 милијарди евра оваа година и 75,7 милијарди евра наредната година, пренесува Ројтерс.

На крајот на септември оваа година, буџетските трошоци достигнаа 278 милијарди евра, во однос на 282,8 милијарди евра една година претходно, што е намалување од 4,8 милијарди евра.

Министерството нагласува дека таа сума е во согласност со планот за трошоци кој произлегува од финансискиот закон за 2014 година и дополнителните мерки за штедење (1,6 милијарди евра), усвоени во рамките на измените на законот за тековната година.

Истовремено, приходите во буџетот достигнаа 220,7 милијарди евра, во однос на 225,9 милијарди на крајот на септември 2013 година, со пад од 5,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП