19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој има најмногу злато во светот

Кој има најмногу злато во светот

zlato

На првотo место во светот според златните резерви се САД со 8,133 метрички тони злато, потоа следи Германија со 3,384 тони, па Франција со 2,435 тони.

Русија е на четвртото место со 1.149 метрички тони, а петта е Кина со 1,054 тони.

Шеста е Швајцарија со 1.040 тони, потоа следи Јапонија со 765 тони, а на осмото место е Британија со 310 тони.

Овие податоци беа објавени на американскиот статистички портал „statista.com“ веднаш под објавувањето на информацијата дека Русија ги зголемила своите залихи на злато шести месец по ред, пренесуваат белгиските медиуми.

Русија во своите залихи минатиот месец додаде 37 метрички тони злато, во настојување да го намали влијанието на меѓународните санкции воведени кон оваа земја. Минатиот месец цената на златото на светскиот пазар изнесувала 1.183 долари за унца, а тоа е најниската вредност уште од јуни минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП