6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени цените на мало

Намалени цените на мало

trosoci zivot

Трошоците на животот во октомври годинава се зголемиле за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а цените на мало се намалиле за 0,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, порастот на трошоците на живот е резултат на зголемените цени на свежиот зеленчук за 5,8 отсто, мармаладите за 1,4, конзервираниот зеленчук за 0,9, мастите за 0,7, лебот и житариците, полутрајните колбасичарски производи и чоколадните производи за 0,5, преработките од компир за 0,4, преработките од млеко и другите млечни производи за 0,2 отсто.

Пораст е забележан и кај цврстите горива за 2,6 отсто, обувките за 2,4, снабдувањето со вода, смет и други услуги во врска со станот за 2,2, облеката за 1,2, информатичката опрема за 0,7, средствата за чистење и одржување на станот и други услуги неспомнати на друго место за 0,6, средствата и услугите за лична хигиена за 0,4, текстилот за домаќинствата за 0,3, лековите, други средства за рекреација, цвеќиња и миленици и лични предмети неспомнати на друго место за 0,2 отсто.

Намалување на цените е забележано кај свежото овошје за 7,2 отсто, шеќерот за 1,5, други неспомнати производи за 0,7, конзервираните месни производи за 0,6, сувомеснатите производи за 0,5, свежото млеко за 0,4, киселото млеко, конзервираното овошје и алкохолните пијалаци за 0,3 и месото за 0,2 отсто.

Намалување има и кај авионскиот превоз на патници за 7,7 отсто, течните горива за домаќинствата за 2,6, течните горива и мазива за 1,6, гасот за домаќинствата за 0,9, услугите за култура за 0,4 и апаратите за домаќинствата за 0,2 отсто.

Трошоците на животот во октомври годинава, пак, во споредба со истиот месец лани, се намалени за 0,4 отсто, а цените на мало за 1,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП