Со цел подобро да ги усогласи потребите и навиките на купувачите, „Volkswagen“ ќе го намали животниот век на една генерација на своите модели на пет години, најавуваат од германскиот производител.
„Volkswagen“ новите модели ќе ги редизајнира по 3 години, да за може по уште две да ги замени со следната генерација, изјави еден од потпретседателите на компанијата, Јорг Зомер.
Не е сооптешно дали истата одлука се однесува и за другите автомобислки марки кои работат во рамките на „VW“ групацијата („Audi“, „Škodа“, „Seat“), што би можело да се случи, ако се знае дека споменатите брендови делат многу заеднички платформи и делови со цел да се намалат трошоците за развој и производство.
Зомер рече дека „Volkswagen“ ќе вложи 7 милијарди долари во нови модели и производни погони во САД до 2018-та. Меѓу новите модели, ќе биде и продукциската верзија на концептот „CrossBlue“, „SUV“ возило со седум седишта.
Автомобилот ќе биде наменет исклучиво за американскиот пазар, а ќе се појави во 2016-та година.
Од друга страна, купувачите во Европа, наместо овој модел истата година би требало да добијат евтина верзија во вид на нов кросовер на „Škodа“.