11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурска бизнис-делегација на средба со раководни лица од Општина Охрид

Турска бизнис-делегација на средба со раководни лица од Општина Охрид

ohrid

Турска делегација составена од претставници на корпорација на фирми од областа на туризамот, градежништвото, рибарството, меѓународната трговија и прехранбена индустрија синоќа оствари средба со претставници на охридската локална самоуправа.

Средба со гостите од Турција остварија заменик-градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, советникот Иљат Ибраим и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов, на која турските бизнисмени биле запознаени со можностите за инвестиции во Охрид, особено во делот на туризмот и хотелиерството, за што гостите покажале особен интерес, како за изградба на хотели, така и за инвестирање во постоечките хотелски објекти што години наназад се надвор од функција.

На средбата станало збор за големиот број турски гости во Охрид и Македонија, а било разговарано и за субвенциите што државата ги нуди за туроператорите и туристичките агенции што носат турски гости во Македонија.

Според општинското соопштение, гостите биле запознаени и за напорите што македонската Влада и градоначалникот ги вложуваат за воведување редовни авио-линии од Турција кон Македонија и обратно, како и за субвенционирање на чартер-летови од Турција за Охрид.

Апостолов притоа ги презентирал и можностите за инвестиции во делот на хотелиерството во Охрид, претставени во брошурата „Инвестирајте во Охрид“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП