18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Закрепнување на извозот и индустриското производство

Германија: Закрепнување на извозот и индустриското производство

germany5

Германскиот извоз и индустриското производство закрепнаа во месец септември, покажаа денес официјалните податоци.

Во август беше забележано забавување на економските активности кои беа поголеми од очекуваните за време на летните годишни одмори.

Министерството за економија соопшти дека индустриското производство во септември е зголемено за 1,4 проценти, откако во август се намали за 3,1 проценти, пренесува АФП.

Федералниот завод за статистика пресмета дека германскиот извоз во септември е зголемен за 5,5 проценти, додека претходниот месец беше забележан пад од 5,8 проценти.

Септемврискиот извоз придонесе за зголемување на трговскиот суфицит.

Извозот во земјите од ЕУ беше за 7,1 проценти поголем отколку истиот месец пред една година, а во земјите надвор од ЕУ тој е зголемен за 10,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП